Променете ги лозинките и внимавајте на хакерите

password5.jpg

Со години, златното правило за креирање на јаки лозинки е комбинација од букви, броеви и симболи. И покрај ова, се уште има луѓе кои што сметаат дека пасвордот „123456“ или „password“ е добра лозинка. За жал, толку многу ги има, што дури и Google мораше да преземе драстични мерки со цел да им објасни на луѓето дека сепак мора повеќе да се потрудат.

Повеќето сервиси, кои бараат посилна лозинка, вградија дури и систем со бои кои покажуваат колку ви е силна лозинката. Па ако ви ја покаже зелената боја, тогаш со сигурност имате добар пасворд.

Исто така, мошне е важно да имате различни пасворди на секој сервис и да ги менувате истите на секои два до три месеци. Ретки се оние кои се држат до тие правила, бидејќи токму тој начин на менување лозинки ги полудува луѓето.

Интересен е податокот како хакерите може да го пробијат пасвордот како што е на пример „Mal1c10u&“ за три дена, што се смета за силна лозинка, додека пак за пробивање на лозинката „BlueKomadSjajnoWoods“ им се потребни и неколку години. Нареден пат кога ќе го менувате пасвордот, имајте ги во предвид овие информации.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail