Променете ги навиките, збогатете се: Седум обичаи кои морате да ги оставите во минатото

70827559858e9da5466c64725392130_w640.jpg

Стив Сиболф, автор кој ги проучува богатите луѓе, направи список со седум знаци кои укажуваат на тоа дека тешко ќе заработите куп пари ако размислувате, правите и се однесувате вака. Ако ги правите овие работи, можеби е време да ги промените навиките.

Штедење

Размислувате само за штедењето, но и не за заработувањето. Морате да заработувате и постојано да смислувате нови начини за да заработите уште повеќе. Ако сакате да размислувате како милионер престанете да се грижите за парите и размислувајте како да заработите.

Не инвестирате

Еден од начините на богатење е инвестирањето. Колку побрзо почнете, толку подобро. Милионерите во просек заработуваат 20 проценти од своите приходи.

Редовна плата

Грижете се за резултатите, не за редовната плата.

Живот преку граница

Ако живеете над своите можности, никогаш нема да бидете богати. Зголемувањето на приходите не е причина за поголема потрошувачка.

Не ги следите своите соништа

Ако сакате да бидете успешни, морате да го сакате она што го работите. Пронајдете ја својата страст и ќе бидете среќни и успешни.

Немате цели

Важно е да имате јасна и конкретна цел пред формирањето на финансискиот план за постигнување на таа цел. Потребен е фокус, храброст, знаење и многу труд.

Мислите дека богатењето е над вашиот досег

Морате да поставите големи очеквања. Верувајте во себе. Ако не верувате сами во себе, нема ниту другите да ви веруваат.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail