Промоција на француската култура, традиција и можности за студирање

62215c26e16ac37d25052e6a5e5d0b23_XL.jpg

Во организација на Центарот за меѓууниверзитетска соработка на УГД денес се одржа Ден на француската култура, каде што беа промовирани културата, традицијата и можностите за студирање.

  • Денес е ден на француската култура на УГД во Штип. Овде имаме претставници од Францускиот институт во Скопје и од Балканската Еразмус канцеларија. Ова е само еден од многуте настани што ќе следат понатаму – изјави проректорот на УГД проф. д-р Кирил Барбареев.

Директорот на Францускиот институт во Скопје истакна дека ова е добра можност студентите да се запознаат со Франција и со можностите да студираат таму.

  • Навистина сум задоволен што сум во посета на универзитетот во Штип. Благодарен сум за топлиот пречек што ми беше приреден. Денеска ќе зборувам на тема дипломатија и воопшто за дипломатијата на Франција, како и за можностите за продолжување на студиите во Франција. Се надевам дека студентите ќе имаат прашања за продолжување на студиите во Франција. Имаме стипендии и постојат разни програми кои студентите можат да ги искористат – изјави Емануал Френбер, директор на Францускиот институт во Скопје и советник за култура во Амбасадата на Франција во Република Македонија.

Покрај промоцијата на традицијата, културата и можностите, присутните во свечената сала на Правниот факултет, на крајот од овој настан, имаа можност да вкусат француска храна и француско вино.

Извор: UGD Life

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail