Промоција на „Ино-Тек клуб“ платформа за ресурси за студенти

20191125_1124061-2048x1152-240994.jpg

На Универзитетот во Тетово студентите се запознаа со можноста да членуваат во Ино-Тек Клуб (InnoTech Club) каде ќе може да се добијат информации, а следствено на тоа и поддршка за проекти и старт-апи во областите на науката, иновации и технологијата. Ино-Тек клубови се идеја која ја реализира порталот Иновативност.мк во универзитетските центри.

-Ние обезбедуваме главно информации и почнуваме да ги обединуваме сите активности кои што делуваат на ниво на поддршка на млади претриемачки идеи и старт-ап идеи. Преку зачленување на нашата платформа младите можат да се информираат што, каде и кој во нашата земја обезбедува на таа тема. Ќе може да не контактираат и ние да ги поврземе со релевантните субјекти на дадената тема, изјави Верица Јорданова од Иновативост.мк.

Ќе бидат организирани и „ино-кафе настани“ каде студентие ќе бидат насочувани каде да ја добијат поддршката за своите идеи поврзани со технологиите и иновациите.

– Се соочуваме со одлив на млади и кадар од една страна, а од друга страна, уделот на индустријата и економијата, во БДП се намалува. Што значи во нашата економија е потребно се повеќе да имаме производи односно економија базирана на знаење и на технолошки развој. Токму затоа како тим составен од професори од технички факултети инициравме проект да се промовираат науката, иновации и технологијата како многу важни аспекти на македонската технологија, рече Јорданова.

извор: сител

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail