8d7d02f71473cf9eb30ec6c51b579c80_XL.jpg

Фондот за иновации и технолошки развој на Република Северна Македонија денес на Универзитетот „Гоце Делчев“ промовираше нова мерка за поддршка на компаниите кои во својата работа ќе ангажираат луѓе од академската заедница.

Станува збор за ангажман на професори, асистенти или истражувачи кои се на универзитетите во Република Северна Македонија.

– Тука сме во Штип да промовираме нов инструмент наречен иновативни ваучери. Наменет е за компании кои во својата работа ќе ангажираат кадар од академската заедница. Задоволство ми е што токму од Штип почнува промоцијата на овој нов инструмент. Во почетокот на наредната година ќе го објавиме првиот повик. Оваа идеја ја објавивме прво тука на овој универзитет преку дебата и денес е многу важно да го слушнеме мислењето на академската заедница и сите корисни предлози ќе ги вградиме во нашиот предлог – изјави директорот на Фондот, Јован Деспотовски.

Ваучерите ќе бидат во вредност од 500.000 денари, а крајни корисници ќе бидат токму членовите на академската заедница кои ќе се поврзат со бизнисот. Ректорот на УГД истакна дека ваквата соработка со Фондот е многу значајна за развој на науката и соработката на универзитетите со стопанството.

– Имаме добра соработка со Фондот за иновации и ова е исклучително значаен инструмент за трансфер на знаења од академијата кон стопанството. Мислам дека ова ќе придонесе многу за зацврстување на материјалната база на професорите, а тоа е многу важно ако сакате независни и автономни професори – изјави ректорот на УГД.

Ова е начин да се поттикне истражувачкиот капацитет и тој да се вклучи во економскиот раст. На денешната презентација, која се одржа во свечената сала на Правниот факултет, беа присутни многу професори и наставнички кадар кои пројавија голем интерес за вклучување во овој проект.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail