Промоција на книгата „Извештаи на рисот“ на 53. ДАФ

riss.gif

Книгата „Извештаи на рисот“ од поетот Славе Ѓорѓо Димоски и сликарот Сергеј Андреевски вечер ќе биде промовирана на 53-тото издание на Драмскиот аматерски фестивал (ДАФ) на Македонија.

Промотор на книгата ќе биде проф. д-р Ивица Џепаровски, а промоцијата ќе се одржи во Ценатрот за култура „Бели мугри“ -Изложбен салон 2, со почеток во 21:30 часот.

Книгата е оригинален и уметнички кохерентен проект составен од песни на Славе Ѓорго Димоски и цртежи на Сергеј Андреевски. На 44 странци содржи дваесетина песни и исто толку цртежи, распоредени во неколку циклуси.

Славе Ѓорѓо Димоски е роден е 1959 година во Велестово, Охрид. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Автор е на единаесет книги поезија, четири книги поезија за деца и три книги со есеи. Негови песни, поетски циклуси и посебни книги преведени се на триесетина јазици. За својата поезија добитник е на најзначајните државни и неколку интернационални награди. Живее во Велестово.

Делата на Сергеј Андреевски, кој е роден во Скопје во 1960 година, се дел од поставки на приватни колекционери и национални установи во земјава, а уште повеќе во странство (Германија, Франција, Словачка, Велика Британија, Турција, САД, Тунис, Египет, Јапонија, Кина, Индија, Јужна Африка, Австралија и др.).

Тој е основач на меѓународниот центар за уметност и одржлив развој „Арт поинт-Гумно“ со седиште во село Слоештица, во чии рамки успешно се реализира Уметничка резиденција со гости од сите континенти.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail