Во рамки на честувањето на патрониот празник на УКЛО промовирана е книгата „КОВИД 19 И БЕЗБЕДНОСТА, РЕГИОНАЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ И НОВИ ДРЖАВНИ АКТЕРИ“ од професорите Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност-Скопје, Татјана Дронзина од Софискиот Универзитет и Драган Ѓукановиќ од Белградскиот Универзитет.
Станува збор електронско издание на УКЛО и Фондацијата „Конрад Аденауер“ од СР Германија.
Во својство на промотор, ректорот проф. д-р Сашо Коруновски истакна дека студијата прави анализа на влијанието на Covid-19 во Република Северна Македонија, Република Србија и Република Бугарија, како и регионалните безбедносни предизвици и соработка, со осврт на појавата на новите државни актери во меѓународните односи и геополитиката во услови на криза, заедно со можноста за поттикнување на подобра регионална соработка.
Меѓу актуелните теми во публикацијата е и справувањето со хибридните закани и лажни вести за време на Ковид -19 како потенцијална безбедносна закана и ризик по стабилноста во Регионот.
Промоцијата се одржа на 2.12.2020 година, по електронски пат.
Извор: УКЛО