Промоција на книгата „Метафизички сино“ од Филип Клетников

metafiziki-sino.gif

Поетската книга „Метафизички сино“ од Филип Клетников вечер ќе биде промовирана во Младинскиот културен центар, кино „Фросина“.

За ова поетско остварување филозофот и критичар Ферид Мухиќ нагласува дека станува збор за книжевен настан од прв ранг.

– „Метафизички сино“ е вистински поетски едикт за животот и смртта, кој во себе ги компримира и на поетски начин ги пренесува сознанијата од огромната материја на филозофските, религиските и на книжевните тематизации на клучниот бином животот/смртта посредуван со централната метафора влезот/излезот, пишува Мухиќ.

„Метафизички сино“ е трета поетска книга на Филип Клетников, кој, покрај поезија, пишува и објавува и раскази и есеи, а активен е и како проучувач и преведувач/препејувач на средновековната книжевност и мисла.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail