Промоција на романот „Граница“ од академик Луан Старова

starova-23080.jpg

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје ќе се одржи промоција на романот „Граница“ од академик Луан Старова.

Романот е шеснаесетта книга од неговата балканска сага. „Граница“ е значајна книжевна творба за балканските граници, за нивната вплетеност во судбината на луѓето и таа, со својата интимна текстура, сведочи за балканскиот трагизам.

За најновиот роман на Старова ќе зборува проф. д-р Елизабета Шелева. Промоцијата ќе се одржи на 28 март (среда) 2018 година во спомен-собата на Миладиновци, со почеток во 12.00 часот Луан Старова (1941)– еден од најпознатите писатели во Република Македонија.

Автор е на 16 романи кои ја опфаќаат цикличната сага именувана од авторот како „Балканска сага“.

Неговите романи се преведени на многу јазици а за своето книжевно дело е добитник на повеќе престижни домашни и светски награди. Добитник е и на престижното француско признание Командант од редот на уметностите и книжевностите и на еден од најголемите француски ордени – Офицер на националниот ред на легија на честа.

Пишува на македонски, на својот мајчин албански јазик и на француски јазик.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top