ПРОМОЦИЈА НА УТМС НА „ПРЕСПАНСКИ ЈАБОЛКОБЕР 2020“

PROMOCIJA-NA-UTMS-NA-PRESPANSKI-JABOLKOBER-2020.jpg

ПРОМОЦИЈА НА УТМС НА „ПРЕСПАНСКИ ЈАБОЛКОБЕР 2020“

Традиционално како и секоја година Универзитетот за туризам и менаџмент и оваа година со промотивни активности учествуваше на манифестацијата „Преспански јаболкобер 2020“. „Преспанскиот јаболкобер“ се организира на христијанскиот празник Крстовден, кога со симболичко откинување на првото јаболко во овоштарникот на АД „Агроплод Ресен“, се означува почетокот на сезоната на бербата на јаболките. На манифестацијата тимот од Универзитетот за туризам и менаџмент, составен од вработени и студенти на присутните им подели промотивни флаери и брендирана вода. Дел од присутните беа заинтересирани за студиските програми и методологијата на студирање на УТМС.

Извор: УТМС

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail