Промоција на второто издание на Јавни финансии од академик Абдулменаф Беџети

picture1588.png

На 27ми октомври 2017 година се промовираше второто издание на книгата Јавни финансии од академик Абдулменаф Беџети, објавено во септември 2017 год., на Универзитетот на Југоисточна Европа во присуство на голем број професори, студенти и експерти од областа.

 

„Да се следат трендовите и да се задржи тековното научно размислување е вистински успех,“ рече ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф.д-р Замир Дика за академската книга на Беџети кого го опиша како ко-основач на лидерството на Универзитетот.

Книгата претставува извонредна алатка во однос на трендовите за мерење на академската изведба, кое се достигнува преку научно истражување рече ректорот Дика.

Деканот на Факултетот за бизнис и економија, проф.д-р Изет Зеќири рече дека промоцијата на оваа публикација сведочи за извонредната изведба на академик Беџети.

„Ова е посебна промоција, на посебна книга од посебен автор“ рече деканот Изет Зеќири.

Ректорот на Универзитетот „Луараси“ од Влора, проф.д-р Арбен Малајрече дека демократизацијата на знаењето е позитивен процес во кој никој нема монопол на занењето и има веќе воспоставено он лајн часови со 100 илјади студенти. Нашиот успех е да се разликуваме и да го добиеме најдоброто. Таму е моќта и вештината на професорот и на истражувачот. Оваа книга потврдува дека е добра основа за истражување и објаснување на клучните моменти од јавните финансии.

Авторот на книгата, академик Абдулменаф Беџети рече: „Ми претставува посебно задоволство да им се заблагодарам на сите кои придонесоа за мојата академска кариера. Редоследот по кој ги споменувам не значи рангирање по важност бидејќи сите се важни и имаат вложено напори за да достигнам таму кај што сум денес. Моето семејство секогаш ми беше мотив и поттик за да продолжам понатаму и да го дадам професионалниот и научниот придонес. Посебна благодарност изразувам на мојот покоен ментор Ксенте Богоев и на моите колеги. Сакам да се заблагодарам на тековниот ректор, Замир Дика, деканот Изет Зеќири, академикот Алајдин Абази и на моите студенти од кои некои се и истакнати професори. Во ова издание се обидов да ги објаснам тековните моменти на јавните финансии и предизвиците со кои се соочуваат владите и областа која јас ја истражував.“

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail