Промотивниот настан во рамките на Жан Моне Проектот – EUEHL

Promotivniot-nastan-vo-ramkite-na-Zan-Mone-Proektot-EUEHL.jpg

Промотивниот настан во рамките на Жан Моне Проектот - EUEHL

На 17.12.2020, на Правниот факултет се одржа промотивниот настан во рамките на Жан Моне Проектот: ЕУ Е-здравствено право и Северна Македонија: Од тековна практика до имплементација.

Настанот имаше мултидисциплинарен теоретски и практичен пристап од област на е- здравственото право, информациска и комуникациска технологија во здравството, био-медицинскиот инженеринг и сајбер безбедноста во здравството. Настанот беше  наменет за студентите на Универзитетот Гоце Делчев, со посебен акцент на студентите  од право, медицинските науки и електро-техничките науки, како и учесници од граѓанскиот, здравствениот и бизнис секторот. Предавачи на настанот беа: Вон.проф. д-р Кристина Мишева и Вон. проф. д-р Марија Амповска од Правниот факултет- УГД; Проф. Д-р Горан Т. Џорџевиќ и Проф. Д-р Дејан Н. Милиќ од Факултетот за електротехнички науки при Универзитетот во Ниш, Србија; Д-р Тодор Михајлоски од САД, инженер во област на биомедицнски инжинеринг, проф. Д-р Игор Вулетиќ од Правниот Факултет во Осијек, Хрватска; д-р Ален Георгиев- Директорот на клиничката болница во Штип и Владе Рибарев администратор за „Мој Термин“.

За повеќе детали: http://euehl.ugd.edu.mk/index.php/en/activities/promotional-events

Извор: УГД

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail