Промовирана интернет платформата „Mix the City – the Balkans“

mix-the-city.png

Интерактивната интернет платформа „Mix the City – the Balkans“, изготвена од Британскиот совет и фестивалот Егзит годинава и официјално е претставена на фестивалот Егзит во Нови Сад.

Платформата е резултат на партнерството меѓу Британскиот совет и фестивалот Егзит кои ги повикаа британскиот музичар Гоустпоет, снимател од Велика Британија и дванаесет локални изведувачи од целиот регион за да создадат единствено музичко искуство кое раскажува неочекувана приказна за Балканот, поттикнува разговор меѓу луѓето и ги зацврстува пријателските врски.

Дванаесетте локални музичари кои се дел од платформата се: Вера Милошевска од бендот Љубојна и Благојче Пенов од Стринг форсис (во Скопје), Саша Кукољ од бендот Шизомантра (во Бања Лука), Хорнсман Којот (во Белград), хорот Хармонија и Верица Чуљковиќ (во Будва), Слободан Тркуља (во Нови Сад), Љибурн Јуполи и Флорин Фанај (во Приштина), Јусуф Бркиќ (во Сараево), Фатос Ќеримај и Бледи Бораку (во Тирана).

Користејќи ја платформата „Mix the City – the Balkans“, публиката ширум светот сега многу лесно може да ги истражи и искуси сликите и звуците на Балканот. Со мешање на снимените аудио секвенци на дванаесетте уметници кои физички можеби никогаш не се сретнале, секој корисник треба да ја искористи својата креативност за да ги приближи и да ги поврзе осумте градови. Крајниот резултат од користењето на платформата е единствен музички видео клип кој може да се споделува и е генериран од корисникот со видео снимки од изведувачите и автентични предели од Балканот.

„Mix the City – the Balkans“ е достапна на www.mixthecity.com.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.