Промовирана книгата „Документите на ЕУ во контекст на европската историја“

timthumb.jpg

„Документите на Европската Унија во контекст на европската историја“ е насловена книгата од авторот Дамир Ланг, која вечерва беше промовирана во библиотеката „Тане Георгиевски“. Делото опфаќа четири глави и е прв труд на кумановецот Дамир Ланг, историчар.

– Во книгата е опфатен период од формирањето на европската заедница, па се до последното проширување со Хрватска во 2013 година, изјави Ланг.

Читателите ќе имаат можност да се информираат за идејата и потребата од формирањето на ЕУ, начинот на проширување, предизивиците со кои се соочува. Четврата глава е посветена на Македонија и односот со ЕУ, периодот од прогласувањето на независноста, лисабонскиот состанок, патот на Македонија во етаблирањето на меѓународната сцена…

– Делото наскоро ќе биде промовирано во Скопје и во останатите градови од државата, информира Ланг.

Рецезенти на книгата се проф.др. Виолета Ачковска и проф.др. Маргарита Пешевска.

Книгата,нагласи авторот, можат да ја користат ученици и студенти како стручна литература. Делото, освен во кумановската библиотека, ќе биде достапно за пошироката јавност и во останатите библиотеки во државата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail