Gel-i-Janceva-potpisuvanje.jpg

Книгата „Градови за луѓе“ од светски познатиот професор и архитект Јан Гел, денес, беше промовирана и на македонски јазик воорганизација наКомората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија.

Исто така, за да сеунапреди урбаното живеење во Скопје, по принципот на „Град за луѓе“, Градотпотпиша Писмо за намери за соработка со професор Гел. Со писмото за намери се утврдува можната соработка помеѓу Градот Скопје и професор Гел за анализа на Скопје од аспект на хумано живеење. За таа цел, планирано е да се формира група од десетина перспективни урбанисти кои своите сознанија би ги десеминирале соодветно на потребите на градот Скопје. Групата ќе работи под надзор на професор Гел.

Од она што го видов, имам силно чувство дека Скопје се соочува со исти типпроблеми како многу други градови во Источна Европа, градови развиени по падот на Берлинскиот ѕид и новата слобода, која ја разви и љубовта кон автомобилската индустрија. Станува збор за интензивна, но незрела љубов. Не се постигна баланс меѓу добар и моторизиран град “, изјави Јан Гел.

Професор Јан Гел е доајен на проектирањето јавни простори и незаменлив филозоф кој се занимава со градовите. Со своето нескромно знаење и искуство ќе даде позитивен придонес за хумано живеење во градот Скопје и ќе се овозможи унапредување и разубавување на урбаниот лик на Град Скопје преку отворање, проширување и зачувување на јавните површини.

„Книгата претставува една од најмаркантните светски дела во областа на урбанизмот и ќе даде позитивен придонес во развојот на хуманото живеење на Градот Скопје. Нашата соработка со професор Гел ќе биде насочена кон унапредување на урбаното хумано живеење и преземање активности по примерот на други главни градови за формирање на аналитички групи кои по принципите на “градови за луѓе” ќе работат на анализа на Скопје од аспект на хумано живеење“, рече Љубица Јанчева, претседател на Советот на Град Скопје.

Потпишувањето на Меморандумот и промоцијата на книгата „Градови за луѓе“ е во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија.

Според професор Миле Димитровски, претседател на Комората на Овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, остварувањето на проектот со превод на книгата на Гел и неговото донесување во Скопје и учество во програмата „Скопје – Град за луѓе“ е овозможено со активности на Управниот одбор на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

„Како Комора ги водевме активностите за издавање на книгата „Градови за луѓе“, заедно со издавачката куќа Магор и со Министерството за култура, за што посебно сме благодарни. Комората е подготвена и натаму да учествува во соработката и неопходно е на вистински начин да ја искористиме присутноста на овој светски архитект во Скопје. Очекувам Градот Скопје да ги препознае можностите и да го ангажира Гел и другите стручни лица за да се почне со студиозно решавање на некои состојби во Скопје за да стане Град за луѓе. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов изрази сериозна заинтересираност за соработка и искажа подготвеност да помогне во остварување на неговите визии за Скопје. КОАИ му благодари на Гел за личното присуство на денешната промоција на книгата и на тркалезната маса“, вели професор Димитровски.

 

Книгата „Градови за луѓе“ досега е преведена на 37 светски јазици.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail