Како дел од активностите посветени на 19 годишното постоење на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, денеска Факултетот за правно-политички науки организираше промоција на изданија на наставниот кадар, со што повторно се покажа моќта на истражувачката дејност и се збогати издаваштвото на АУЕ – ФОН универзитетот.
Промовиравме 12 изданија од професори кои претставуваат своевидна афирмација на нивната истражувачка дејност, но и збогатување на издаваштвото на АУЕ – ФОН универзитетот. Со новите изданија, нашите студенти квалитативно и квантитативно го зголемуваат фондот на информации со коишто располагаат и стануваат конкуретни со своето знаење, во многу научни области.
Фондoт на библиотеката на АУЕ – ФОН се збогати со следните изданија:
„Судско право“, (учебник), автори проф. д-р Владо Камбовски и доц. д-р Наташа Тодоровска;
„Даночно право“, прво издание, (учебник), автор, проф. д-р Сејдефа Џафче;
„Економско казнено право“, (учебник), автор проф. д-р Татијана Ашталкоска Балоска;
„Пенологија“, (учебник), автор проф. д-р Татијана Ашталкоска Балоска;
„Вовед во право“, “Казнено право“, “Разузнување“, (учебници), автор проф. д-р Стефан Буџакоски;
„Доказни средства – криминалистички и кривично процесни аспекти“, (практикум), доц. д-р Наташа Тодоровска;
„Чекор по чекор до добар говорник”, (монографија), автор проф. д-р Александра Србиновска – Дончевски;
„Локална самоуправа на Република Македонија – граѓанско сервисна ориентираност”, (учебник); автор проф. д-р Александра Србиновска – Дончевски;
„Комуникациски вештини”, (практикум), автор проф. д-р Александра Србиновска – Дончевски;
„Специфични тешкотии во учењето (дислексија, дисграфија, дискалкулија и диспраксија)“, aвтори: Александра Каровска-Ристовска, Љубица Кардалеска-Радојкова, Горан Ајдински
„Процена и стратегии за работа со ученици со дислексија, дисграфија, дискалкулија и диспраксија“, aвтори: Александра Каровска – Ристовска, Љубица Кардалеска-Радојкова, Горан Ајдински, Орхидеја Шурбановска и
„Компендиум на англиски текстови“ (Јазични вежби – Лексика и обработка на текст) Автор: Љубица Кардалеска-Радојкова
Нашата определба е преку пренесеното знаење од страна на докажаниот академски кадар да создаваме лидери во сите области. Дипломци, специјалисти и магистри кои ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот, но и способни да решаваат сложени деловни проблеми во нивниот иден професионален ангажман.
Знаењето е моќна алатка за круцијални промени во секое општество!