Пронајден е нов најголем човечки орган кој можеби ја крие тајната за ширење на ракот

new-human-organ-interstitium.jpg

Истражувачите од медицинскиот центар „Лангон“ во Њујорк идентификуваа нов вид орган кој би можел да биде најголем во телото.

Се покажало дека  она што претходно се сметаше за густо сврзно ткиво што се протега низ целото човечко тело всушност е мрежа од комори исполнети со течност, која служи како еден вид „амортизер“, односно е орган за апсорпција на удари.

Ова откритие не само што ќе помогне подобро да го разбереме начинот на кој функционира човечкото тело туку исто така одговора на прашањето зошто ракот се шири побрзо кога ќе достигне одредени делови на телото.

Наречен „интерстициум“, овoj орган се состои од поврзани делови кои се однесуваат како проток на течност, а се протегаат од површинскиот слој на кожата, преку дигестивниот тракт, белите дробови и уринарниот систем, до крвните садови.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top