Пронајден нов ген кој влијае на аутизмот

vest_1_495x495410.jpg

Генетиката поврзана со аутизмот е во фокус на многу истражувања, а научници од MIT скоро успеале да отстранат некои симптоми на аутизмот преку едитирање на гени. Сега, истражувачите успеале да изолираат уште еден ген поврзан со оваа болест.

Генот бил идентификуван кај пациенти кои боледувале од редок тумор поврзан со генот на неурофиброматозата тип 1 (NF1).

Стефани Морис, експерт за неврологија од WUSTL, вели NF1 е предизвикана од мутација на еден ген, кој според истражувањата е поврзан и со нарушувањата од аутистичкиот спектар кај истите пациенти.

Истражувачите испитувале 531 пациент во 6 клинички центри низ светот, пронаоѓајќи дека NF1 генот придонесувал кон аутистичкото однесување кај скоро половина од пациентите.

Аутизмот го имаат 1 до 2% од сите деца во САД и е 5 пати повеќе вообичаен кај мажите отколку кај жените, додека NF1 влијае на околу 100 000 луѓе во САД.

Пронаоѓањето на генетски линкови на аутизмот е клуч во развивањето на ефективни третмани за болеста од која заболуваат едно на секои 68 деца, според студијата на CDC од 2016.

Истражувачите исто така користат мапи на мозокот и растење на ткиво слично на мозочното од матични клетки за да ги истражат тајните на ова пореметување.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail