Пронајдени докази за најраните знаци за живот на копното

vest_2_495x495514.jpg

Научници пронашле докази за најраните знаци за живот на копното во 3.48 милијарди години стари депозити од извори на топла вода во Западна Австралија, кои би можеле да ни помогнат во решавањето на една од најважните дебати во еволутивната биологија – дали животот на Земјата започнал во мали, копнени бари или длабоко во океаните.

Овие фосилни остатоци се толку стари, што ги туркаат во заднина досегашните најрани докази за живот во извори на топла вода за некои 3 милијарди години.

Досегашните најрани докази за постоење на микробиолошки живот на копното биле стари 2.7 – 2.9 милијарди години и биле откриени во Јужна Африка.

Според последниве докази, може да се претпостави дека животот прво започнал на копното, а не во океаните како што се сметало досега.

Тие биле откриени во депозити од формацијата Дресер која се наоѓа во кратонот Пилбара во Западна Австралија, кои претходно биле идентификувани како остатоци од одамна изгубена морска средина. Според новата студија, формацијата Дресен содржи „потпис“ на копнено земјиште – минерал наречен гејзерит, кој се наоѓа исклучиво во опкружувањата на копнените извори на топла вода и гејзерите.

Тимот истражувачи во депозитите откриле и повеќе нови потенцијални „био-потписи“, вклучувајќи два различни вида на строматолити – слоеви од седимент создадени од водени бактериски колонии. Исто така биле пронајдени ознаки познати како микробиални палисадни текстури во карпите, како и траги од меурчиња кои најверојатно биле заробени во леплива супстанца создадена од микроскопски организми, со чија помош ја задржале деликатната форма неколку милијарди години.

Депозитите од Пилбара се со иста старост како поголемиот дел од кората на Марс, што ги прави депозитите од изворите на топла вода на црвената планета возбудлива цел во потрагата по тамошен фосилизиран живот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail