Пронајдено е „копче за ресетирање“ на клетките кои стареат

starost.jpg

Научниците му пристапуваат на овој проблем од секој можен агол, а истражувањата за матичните клетки ветуваат најмногу. Едно ново истражување вклучува подмладување на крвни матични клетки, односно оние кои ги генерираат црвените крвни зрна.

Тимот истражувачи работел со стари глувци и го набљудувал функционирањето на овие клетки. Но, тогаш тие додале клетки кои можат да произведат какви било клетки, не само крвни, и резултатите биле неверојатни.

Овие клетки делувале како копче за ресетирање, ги репрограмирале крвните клетки и на некој начин ги подмладиле. Крвните клетки почнале да се создаваат со иста брзина како и кај помладите глувци. Значи, стареењето може да се забави со помош на овие клетки.

Сепак, оваа техника е нова и е пробана само на глувци и постои веројатност да не функционира кај луѓето. Но ова откритие дава надеж за лек кој ќе помогне во некои сериозни нарушувања со крвта.

Истражувањето исто така покажало дека промените во производството на клетките не се резултат на мутација, туку се предизвикани од промени во гените. Оваа информација ги тера научниците да мислат дека можеби конечно ќе откријат ефективен третман за сериозните болести како што е леукемијата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail