Пронајдено е телото на професорот херој – Го даде животот да ги спаси учениците да се удават

profesor.jpg

Пронајдено е уште едно тело кое припаѓа на личноста која загинала кога потона траектот „Севол“ 2014 година во Јужна Кореја. ДНК тестирањето потврди дека е во прашање телото на професорот Ко Чанг Сеок, кој работел во средното школо Данвон.

Професорот им се придружил на своите ученици на излет, само месец дена откако се вработил во школото.

Тој во моментот на несреќата кога траектот почнал да тоне, го соблекол својот елек за спасување и го дал на своите ученици.

Преживеаните велат дека професорот на почетокот бил безбеден на палубата на траектот, но дека влегол внатре за да ги спаси своите ученици.

Засега пронајдени се само две тела на исчезнатите, додека за останатите сеуште се трага, пренесува koreaboo.com.

Да потсетиме во 2014 година дошло до трагичната несреќа кога потона траектот „Севол“ во Јужна Кореја и во таа прилика загинаа повеќе од 300 лица.

Траектот превезувал 476 патници кога на 16 април потонал во близина на островот Џинго, на југозапад од Јужна Кореја, а од 304 загинати, 250 биле ученици на едно средно школо, пренесува агенцијата AFP.

Таа трагедија ги шокираше и разбесна цела Јужна Кореја, поради тоа што станало јасно дека до тоа дошло исклучиво поради човечки фактор, односно поради илегалниот редизајн на бродот, пренатрупаниот товарен простор, неискусниот екипаж и неодговорниот однос меѓу операторот на траектот и државните регулаторни органи.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top