Пронајдено огромно небесно тело во нашиот Сончев систем

Дефинитивно не се работи за деветта планета, туку повеќе наликува на планетарна форма. Ова ново небесно тело го носи името Ди-Ди (англиски distant dwarf).

Иако ова небесно тело за прв пат било забележано минатата година, направени се повеќе истражувања околу структурата на истото, како и големината.

Од она што досега е познато, Ди-Ди има сферна форма и е две третини од големината на Цереза, со што може да се нарече џуџеста планета. Се наоѓа на околу 137 милијарди километри од Сонцето.

Придружете ни се Facebook >
Научниците кои ја истражуваат Ди-Ди сметаат дека се работи за екстремно студена површина, односно дека температурата е само неколку степени повисока од апсолутната нула. Тие веруваат дека можеби го пронашле најдалечното небесно тело што припаѓа на Сончевиот систем.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail