Проработе вулканот Попокатепетл, загрозени 25 милиони луѓе (видео)

Мексиканскиот вулкан Попокатепетл повторно проработи и почна да исфрла пепел во висина од 3.000 метри.

Локалните власти ги предупредија жителите за зголемената активност на вулканот, кој исфрлаше огнени топки од кратерот, објави британски „Експрес“.

Никој не е повреден, но властите објавија дека ќе продолжат да ја следат ситуацијата. Во радиус од 60 километри од вулканот живеат околу 25 милиони луѓе.

Граѓаните беа предупредени да не се приближуваат на повеќе од 12 километри од вулканот поради можни ерупции, а властите изработија посебен план за евакуација во итни случаи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail