Просјаци во Дубаи заработуваат 60.000 евра

dubai-620x350.jpg

Просјаците во градот Дубаи месечно заработуваат и до 73.500 долари (околу 60.000 евра). Дубаи е познат како богат град во кој и професионалните просјаци може да заработат мало богатство. Полицијата се обидува да се бори против организираните групи на просјаци, но просењето и понатаму е раширено.

Станува збор за банди од Азија и Саудиска Арабија, кои испраќаат просјаци во Дубаи, најчесто со визи што траат три месеци, а потоа им ги земаат парите што ќе ги заработат.

Просењето во Дубаи е забрането, но станува збор за професионалци чија цел, пред сѐ, се богатите луѓе. Им говорат дека нивните семејства живеат на патишта или во воено погодени региони. Веднаш бараат голема сума пари, а некои од нив и ја добиваат.

„Ги убедуваат луѓето во својата приказна. И јас давав пари, а тогаш сфатив дека сето тоа е измама“, вели Навал Ал Накби,кој живее во Дубаи.

Споменатите групи во 2017 година биле многу успешни затоа што таа година била година на давање, односно властите направиле низа иницијативи за да им помогнат на сиромашните. Само во првите денови на рамазан минатата година полицијата уапсила 65 просјаци.

Полицијата има најголем проблем со идентификација на просјаците затоа што станува збор за снаодливи луѓе

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top