Протеинските напитоци не се здрави колку што мислите

pro.jpg

Протеинските прашоци и шејкови станаа редовен придружник на секој еден човек кој редовно посетува теретана, слично како крпата и тренерките. Но, последните истражувања покажаа дека тие содржат штетни токсини кои можат да бидат штетни за вашето здравје.

Истражување спроведено неодамна покажа дека протеинските напитоци содржат тешки метали, пестициди и останати контаминанти кои се поврзуваат со рак и други болести.

Приватна хемиска лабораторија го истражуваше составот на 134 најпродавани протеински прашоци и напитоци од 52 различни брендови. Тие беа скенирани за преку 130 токсини со цел да се открие дали можеби некој од нив содржи индустриски или природни контаминанти кои би можеле да бидат штетни за телото.

Од сите тестирани прашоци и напитоци, 74% имале траги од кадмиум (активната компонента на киселината која се наоѓа во батерии), 70% содржеле олово (кое најчесто тече низ индустриските цевки и дури 55% од нив содржеле пластика. Останатите штетни токсини кои беа пронајдени се пестициди, арсен и жива.

Истражувачите не успеаја да откријат дали напитоците на органска база се подобри од оние на неорганска база, бидејќи додека органските напитоци содржеле 40% помалку пластика, сепак имале двојно повеќе тешки метали од неорганските.

Најпопуларните протеински шејкови и прашоци се на млечна база, но истражувањето покажа дека најбезбедни се напитоците на база на јајца, бидејќи тие содржат најмалку токсини. Напитоците на база на растенија се докажаа како најлоши, со најголем број на токсини, и дури 75% од нив содржеле траги од олово.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail