„Протекоа“ информации и за следниот Ајфон

Screenshot-2016-11-15-at-20.27.40-1200x660-640x351.jpg

Уште не е познато дали новиот Ајфон ќе биде 7с или 8, но она што веќе се знае е дека ќе има сосема нов дизајн и малку скокотлива цена.

Наводно, следниот Ајфон ќе чини околу 1000 долари, но не се знае дали ова е најниската или највисоката цена, со оглед на тоа што цената на чинење варира според меморискиот капацитет и бојата на моделот.

Она што е познато е дека ќе има доста подобра батерија од своите претходници, чиј што капацитет ќе биде поделен според потрошувачот (екран, звучник и т.н.). Исто така, нема да биде поголем од 4,7 инчи, што значи дека ќе може да се користи само со една рака.

Поради отстранувањето на „хоум“ копчето, Ајфонот ќе добие нова димензија на екранот. Според многумина, следниот Ајфон ќе биде неколку чекори понапред од своите претходници, што значи дека може да се очекуваат големи промени, како во изгледот, така и во перформансите.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail