Протест на студенти во Болоња, тројца приведени

bolona.jpg

Италијанската полиција во Болоња го растури протестот на студенти откако дојде до нереди, а приведени се три лица, јави АНСА.

Студентите протестираат против новите правила за влез во библиотеката во Универзитетот, каде сега се поставени бариери што овозможуваат контролирано влегување во библиотеката.

Во протестот учествуваат повеќе стотици демонстранти, кои тргнаа во протестен марш по улиците на Болоња. Но во еден момент тие се судрија со полицијата, фрлајќи шишиња и предмети, по што протестот е растурен.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail