ПРОТОКОЛ ЗА УТВРДУВАЊЕ И ПОСТАПУВАЊЕ НА ЈАВНИТЕ И ПРИВАТНИТЕ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ, ОДНОСНО ЕДИНИЦИТЕ ВО СОСТАВ ПРИ ИЗВЕДУВАЊЕ НА ИСПИТИТЕ

header_1.png

Полагањето на испитите во просториите на високообразовните установи (јавни и приватни), (во натамошниот текст: високообразовни установи) се врши по овие мерки:

  • Секоја високообразовна установа треба да одреди лице или лица, кои вршат дезинфекција на студентите и објектите кои можат да имат контакт;
  • Средство за дезинфекција на обувките и рацете задолжително се поставува на влезот од високообразовната установа;
  • Високобразовната установа на влезот на објектот поставува едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење заштитни маски, одржување физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена;
  • Доколку испитот се полага усно, помеѓу секој термин, односно распоред за усно полагање на испит потребно е да има пауза во траење од најмалку 10-20 минути;
  • Доколку испитот се полага писмено високообразовната установа постапува или ги реди масите/клупите за полагање во просториите/салите, определена за таа намена, која треба да овозможи најмалку 2 метри оддалеченост меѓу присутните во просторијата, односно студентите и носење заштитни маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете;
  • Во просторијата каде се изведува испитот високообразовната установа претходно ги означува местата на кои е дозволено седењето со почитување на меѓусебното растојание.

„Присутните задолжително носат заштитна маска на лицето и ракавици“

  • Во просторијата каде што се спроведува испитот задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете, со цел да се обезбеди почитување на општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол);
  • При испит, доколку се користат определени ресурси, средства и материјали, потребно е задолжително истите да бидат дезинфицирани и при секоја наредна употреба истите повторно да се дезинфицираат;
  • Просторијата во која се спроведува испитот/испитите е потребно почесто да се проветрува, по можност за време испитот и задолжително во текот на паузите
  • За време на паузите се забранува групирање на присутните, односно студентите во високообразовната установа;
  • По завршување на испитите, потребно е просториите да се исчистат (особено работната површина на која се работело) и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција за горни површини;
  • Во просториите на високообразовните установи (внатрешниот дел) за испит и на излезот од објектот потребно е да се обезбеди корпа за отпадоци со капак;
  • Во високообразовните установи е потребно редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail