Проверено: Ако се придржувате до овие совети, значително ќе ја намалите потрошувачката на гориво!

benzin-naslovna3.jpg

 

1. Сервисирајте го автомобилот
Автомобилите работат многу подобро, кога сите цилиндри им се функционални. Модерните автомобили бараат помалку одржување отколку порано бидејќи возачите сега знаат дека советите од произведувачот се рецепт за катастрофа. Кога сигналните светилки во автомобилот ќе се вклучат, значи дека е дојдено време за во гаража. Не треба да чекате да поминете уште речиси 3.000 километри.

2. Подмачкајте го автомобилот
Секој од нас знае дека маслото на моторот треба редовно да се проверува, но колкумина тоа навистина го прават? Ако не го проверувате, треба да почнете и, исто така, треба да го одберете вистинското масло за вашиот автомобил.

3. Напумпајте ги гумите
Зголемувањето на ефективноста на горивото значи намалување на енергијата што е потребна за движење на автомобилот. Недоволно напумпаните гуми ја отежнуваат работата на моторот.

4. Изберете ги вистинските гуми
Гумите специјализирани за заштеда на гориво можеби се малку поскапи од обичните, но нивната намена е да ви заштедат гориво. Овој вид гуми содржи специјални гумени состојки што ја намалуваат потрошувачката на гориво за пет отсто.

5. Изберете го вистинското гориво
Според некои возачи, употребата на првокласно или високооктанско гориво заштедува на потрошувачката на гориво во целост, но нафтените компании се внимателни со ваквите изјави. Ваквите горива честопати содржат состојки што ќе го прочистат моторот, со што ќе се зголеми неговата ефикасност, но тоа не влијае директно врз заштедата на гориво.

6. Исклучете ја климата
Внатрешниот климатски уред некогаш беше луксуз, но во денешно време доколку го немате најверојатно возите трактор. Спротивно на јавното мислење, не е возможно да се возиме со вклучена клима без притоа да не потрошиме дополнително гориво. Климатизирањето и другите електронски системи, ја трошат батеријата, а моторот на автомобилот треба повторно да ја наполни. Во некои случаи, користењето на уред за климатизација, ја зголемува потрошувачката на гориво за неверојатни 20 отсто.

7. Испразнете го багажникот
Секој дополнителен товар во вашиот автомобил му ја отежнува работата на моторот, а со тоа се зголемува потрошувачката на гориво и емисијата на штетни гасови. Исто така, го попречува речиси секој сегмент од перформансот на автомобилот, почнувајќи од забрзувањето, управувањето, па сѐдокочењето.

8. Исклучете го моторот
Голем број од модерните автомобили се служат со системи кои автоматски го исклучуваат моторот, доколку автомобилот не се движи со цел да ја намалат потрошувачката на гориво. Доколку вашиот автомобил го нема овој систем на гаснење, вие и самите можете да го сторите тоа секој пат кога ќе застанете. Моторот што загрева непотребно, троши околу 3,5 литри бензин на час, што значи дека времето што го минуваме заглавени во сообраќајот, чекајќи на семафори или, пак, паркирани додека моторот работи, ја зголемува потрошувачката на гориво и емисијата на јаглерод диоксид во воздухот.

9. Сменете порано брзина
Доколку вашиот автомобил има рачен менувач, тогаш бргу сменете ја брзината. Ова ја олеснува работата на моторот бидејќи автомобилот бргу се внесува во неговата потребна и најекономична брзина. Доколку возите бензинец, сменете ја брзината при достигнување околу 2,500 rpm. Кај дизел-возилата, сторете го тоа при достигнување на 2,000 rpm.

10. Намалете ја брзината
Возењето со помала брзина значително влијае врз заштедата на гориво. Еден просечен автомобил користи 10 проценти повеќе гориво при брзина од околу 120 километри на час, отколку при возење со брзина од 95 на час, што значи дека прилагодувањето на брзината ќе влијае позитивно врз потрошувачката на гориво на вашиот автомобил.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail