ПРОВЕРЕТЕ: Еве како да дознаете кој ве избришал од Фејсбук

facebook-like.jpg
Фејсбук не е само социјална мрежа, тој стана секојдневие и составен дел од животите на голем број луѓе ширум светот.
Од таа причина, многумина се нервираат кога некој од нивните фејсбук пријатели ќе ги отстрани од листата на пријатели без претходно изведтување или предупредување. Многумина од овие корисници не ни знаат која е причината за да го раскинат своето пријателство со некој друг фејсбук корисник.
Затоа, програмерите осмислиле апликација “Who deleted me” – “Кој ме избриша“ која што ви овозможува да следите кој ве избришал од листата на пријатели.
Апликацијата е достапна на пребарувачите Google Chrome и Mozilla Firefox, а може да се инсталира и на Android и iOS.
Начинот на кој работи оваа апликација е многу едноставен. Кога ќе ја инсталирате се локирате преку Фејсбук, а таа ќе ја преземе целосната листа на ваши пријатели. На овој начин, секој пат кога одново ќе го покренете пребарувачот, оваа апликација ќе ја освежува вашата листа на пријатели и ќе ви открие кој од пријателите недостига од таа листа.
За жал, принципот на кој работи оваа апликација не ви дозволува да дознаете кој пријател ве избришал во минатото.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail