Проверете која нуклеарна бомба е најблиску до вас

nuklearan-bomba.jpg

Новото видео покажува каде се наоѓаат нуклеарните бомби во светот. Многу се распоредени во близина на големите градови во делови на Европа и САД, вклучувајќи го Лондон, Глазгов, Брисел, Денвер и Сиетл. Дури 50 бомби се изгубени или случајно дистрибуирани во текот на годините на некои други места. Многу од нив биле активни во тоа време и можеле да експлодираат доколку се активирале.

САД има десет локации на кои што чува нуклеарно оружје вклучувајќи го и Ново Мексико. Ова е всушност и најголем комплекс во светот, а неговиот подземен простор се протега на  повеќе од 28.000 квадратни метри. Исто така, во близина на Сиетл се наоѓа една од локациите, а таму се стотици силоси низ Северна Дакота, Вајоминг, Небраска и Колорадо.

Главните места за складирање се во Велика Британија околу 67 километри југозападно од Лондон и 43 километри северо-западно од Глазгов, во поморската база HMNB Clyde. Исто така САД држи оружје на различни локации низ Европа. Русија своето нуклеарно оружје го чува во голем број на тајни локации низ земјата.

Русија има 7.300 нуклеарни боеви глави, САД 6970, Франција 300, Кина 260, Велика Британија 215. Државите кои поседуваат такво оружје се Индија, Пакистан, Израел. Постојат сомневања дека нуклеарно оружје поседува и Северна Кореја, пишува Daily Mail.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail