Прв чартер лет од Амстердам за Охрид годинава

carter-640x294.jpg

Со првиот чартер лет со холандски туристи од Амстердам со авиокомпанијата „Корендон“ денеска на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе биде одбележано отворањето на летната сезона во најпознатиот македонски туристички центар.

Според најавите од ТАВ Македонија, холандските туристи ќе ги пречекаат министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, генералниот директор на ТАВ Македонија, Алп Ер Тунга Ерсој и охридскиот градоначалник Никола Бакрачески.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail