ПРВ МЕЃУНАРОДЕН ИНСПИРАТИВЕН ФЕСТИВАЛ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПРОФЕСИОНАЛНИ ЦЕЛИ “JUST ME”

PRV-MEGJUNARODEN-INSPIRATIVEN-FESTIVAL-ZA-OSTVARUVANJE-NA-LICHNI-PROFESIONALNI-CELI-JUST-ME.jpg

Светот повеќе од кога било копнее по баланс, јинг и јанг, еднаквост, праведност и нежност, а токму ние самите имаме голема улога во исцелување на овој голем и конфузен свет.


Прекрасно е што денес имаме моќ и ресурси самите да креираме живот каков што сакаме, да научиме дека сите наши потреби можеме да ги задоволиме на многу позитивен начин, градејќи самопочитување и чувство на сопствена вредност.
Дојде време кога можеме да научиме повеќе за врската помеѓу телото и умот, време кога можеме сами да придонесеме кон совршено здравје, време кога го почитуваме сопственото тело преку прекрасни откровенија.

Центарот за бизнис психологија „Системски & НЛП“ во соработка со меѓународни професионалци, организира инспиративни работилници што ве водат во патување низ кое се откривате себе си. Бидете подготвени да ја видите својата убавина и да ги минимизирате сите негативности во вашиот живот, нештата што ве ограничуваат на вашиот пат кон среќата. На овие работилници со сигурност ќе ја најдете раката за поддршка кон промените, и со сигурност ќе го ослободите својот потенцијал. Ќе почувствувате дека сте силни, моќни, мудри и дека имате слобода да ги остварите и најлудите сништа, дека заслужувате прекрасен живот, хармонични односи, радост и мир.

Резервирајте го своето место на овие инспиративни работилници од 25 мај до 28 мај во Охрид и тргнете кон своето внатрешно патување за себезапознавање преку многу забава и дружење на првиот меѓународен инспиративен фестивал за личен и професионален развој – „Just Me“.

За сите љубопитни трагачи што чувствуваат потреба за промена, за оние кои што сакаат активно да се вклучат во креирањето на својот живот и да ги оставарат своите лични и професионален цели, овој фестивал со сигурност е најдоброто место.

Содржина на работилниците:
Четврток 25 мај – Пристигнување во Охрид, запознавање и дружење со учесниците
Петок 26 мај – Energy Dance® / Фамилијарни системи® / Yoga in concert®
Сабота 27 мај – Поврзаноста во тимовите / Провокативен бизнис Коучинг® /
Заедничко дружење во Cuba Libre beach bar
Недела 28 мај – Провокативен бизнис Коучинг® / Yoga in concert® / Инспиративен говор /
Коктел и завршување на Инспиративниот фестивал

Тренери и инструктори:
Марина Анчевска – NLP / Energy Management® / Energy Dance®
Joke Land – Провокативен бизнис Коучинг® / Фамилијарни системи®
Patricia Conlon – Поврзаноста во тимовите
Yvonne de Hoop en Jan Kuiper – Yoga in concert®

За повеќе информации околу програмата и тренерите посетете ја страницата: [email protected]

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail