Kobilica-e1560248951325.jpg

Првата меѓународна донаторска конференција за Шар Планина „Одржливо прекугранично финансирање на проекти за Шар Планина како иден национален парк“ ќе се одржи на 12 јуни 2019 година на Попова Шапка во хотел Скардус со почеток од 11 часот.

Оваа конференција се организира во рамките на проект поддржан од WWF ADRIA што го спроведува платформата Пријатели на Шара.

Идејата за организирање на оваа конференција е размена на искуства и информации поврзани со сите актуелни проекти и активности за заштита на природа, туризам и рурален развој во регионот на Шар Планина на прекугранично ниво и да поттикне соработкa и синергии меѓу активните и идните проекти во Република Северна Македонија, Косово и Албанија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail