Прва населба во светот која го забрани пушењето цигари

12052017101047_web_indo3.jpg

PHOTO

Населба, која е дел од главниот град на Индонезија, се прогласи како непушачка зона додека студентите планираат протести против зголемените напори на компаниите да им продаваат цигари на младите.

Во оваа држава, која ја има една од највисоките стапки на пушење цигари и четврта во светот по преработка на тутун, Парламентот предложи закон за понатамошно зголемување на производството на тутун.

Неколку граѓански групи сега се противат на големите компании во земја од 250 милиони луѓе, каде што речиси две третини од мажите пушат, а кутија цигари чини помалку од два долари.

Во источниот дел на Џакарта, најмалку десетина куќи во соседството Пенас Тангул во март беа обоени со светли бои и сино знаме закачено на влезот со кое се забранува пушењето.

Жителите се охрабрени да запрат со пишуњето или да го избегнуваат  „за населбата да биде убава и здрава“ – вели Ноби Саил Енди Супу, 22-годишен студент кој е координатор на програмата.

Повеќе од 200 луѓе, главно студенти, минатиот месец преку демонстрации го искажаа нивносто незадоволство поради претстојната изложба на цигари и машини за нивна изработка во Џакарта и планираат уште еден протест следната недела, изјави еден од организаторите на протестот.

Индонезија произведе 269,2 милијарди цигари во 2015 година, според истражувањето на фирмата „Еуромонитор Интернешенал“. Се проценува дека пазарот вреди 231,3 трилиони рупии или 17,3 милијарди долари и брзо расте.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail