Прва научна конференција со студентите од Правниот факултет на УЈИЕ

zandeli.png

Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа ја одржа првата научна конференција со студенти од трите циклуси на студии.

Во првиот дел од конференцијата предавања одржаа двајца судии: Џемаили Саити – судија во Врховниот суд на Република Македонија и Али Алиу- судија во Апелациониот суд во Гостивар . По предавањето двајцата судии (заедно со другите двајца панелисти, деканот на Правниот факултет доц.д-р Емине Зендели и вон.проф.д-р Беса Арифи) дискутираа за предизвиците со кои се соочува правниот систем во Македонија.

Во воведното излагање, деканот Зендели истакна дека идеата за организирањето на конференцијата има за цел да ја промовира истражувачката дејност меѓу студентите преку воведување на новиот дух на истражување и преку подготвување на студентите за натпревар во глобалниот академки свет.

Според координаторот на конференцијата, Ведије Раткоцери – асистент –докторанд , на конференцијата беа беа претставени сите три циклуси на студии и нивните презентации беа поделени на три сесии во зависност од областа: кривично право, граѓанско право и меѓународно право.

Трудовите кои беа претставени на конференцијата, по процесот на двојно оценување од професорите од Правниот факултет ќе се издадат во Зборникот од конференцијата.

На конференцијата учествуваа студенти од Македонија и од Косово кои ги разменија и споредија научните искуства од областа на правото.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail