Прва работилница на Фондот за иновации и Наградата за социјално претприемништво

133197962.jpg

Генерирање бизнис идеи во рамки на Наградата за социјално претприемништво (Social Impact Award 2017) е тема на работилницата што ќе се одржи денеска во Фондот за иновации и технолошки развој.

На оваа прва работилница на Фондот и Наградата, младите и студентите ќе имаат можност да навлезат во терминологијата и суштината на социјалното претприемништво, примарно ќе ги идентификуваат проблемите во својата локална заедница, а потоа ќе дадат и идејни решенија за нив.

Работилницата ќе биде под водство на Марија Матовска, национална координаторка на Наградата за социјално претприемништво, а како гостин е најавен Љубомир Стојчески, основач на Фрешис, првиот ресторан со социјален бизнис модел.

На работилницата, Фондот ќе информира како младите можат полесно да дојдат до извори на финансирање, ќе ги презентира  инструментите: кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф и кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail