Прва средба меѓу средните училишта и УКЛО нуди интегрална поддршка за младите

Sredba_UKLO_direktori.jpg

Раководството на УKЛО и првите луѓе од единиците на Универзитетот одржаа работна средба со директори од средни училишта од неколку градови. Станува збор за прва средба од ваков вид меѓу Универзитетот и средношколски институции во насока на постигнување на образовните цели, взаемно учество во профилирање на кадрите и унапредување на знаењата и компетенциите на младите луѓе.

На средбата е оценето дека соработка со средните училишта е од големо значење за високообразовните институции. Потребно е воспоставување постојана и целосна комуникација помеѓу средно и високо образование во однос на меѓусебна помош, организирање различни настани, учество во заеднички проекти како и запознавање и подготовка на средношколците за студентските денови и запознавање со можностите за студирање на Универзитетот.

Обемот и формите на соработка меѓу УКЛО и средните училишта ќе се допрецизирааат со обединување на елементите на практичност, корисност и добробит не само за средношколците, студентите и образовните институции, за што ќе се формира работна група што ќе ја спроведува општествената одговорност ќе нуди решенија и за локалните заедници.

Со првата средба меѓу Универзитетот и средношколските институции, УКЛО ја зајакнува конекцијата и партнерскиот однос со средните училишта и ја реализира својата заложба да иницира активности во функција на зголемување на видливоста и студиските програми и воедно да се позиционира како клучен фактор во профилирањето на идните академски граѓани.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail