Првата нуклеарна подморница којашто ќе се користи за научни цели

nuklearna-podmornica.jpg

Руски научници ја претставија првата нуклеарна подморница, во светски рамки, којашто наместо за воени, ќе се користи за научни цели, односно за сеимолошки испитувања под Арктичката Санта, соопшти рускиот Фонд за академски испитувања.

– Првата нуклеарна подморница наменета за цивилни дејности, е разработена од руски научници. Машината ќе користи сеизмолошка oпpeмa нaместо ракети, изјави раководителот на работната група на проектот, Виктор Литвиненко на форумот „Арктик – област на диалог”.

Пловилото е долго 135,5 метри и широко 14,4 метри, развива брзина од околу шест метри во секунда, а максималната длабочина до којашто достигнува е 400 метри. Капацитетот предвидува 40 луѓе екипаж, а мисиите можат да траат најмногу 90 дена.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail