Први туристи на Месечината во 2018-та

F35A971C-10DD-40FA-91F3-D0B1532A9930_w1023_r1_s.jpg

„Спејс икс“ не го открива идентитетот на патниците, ниту пак колку платиле за ова патување.

Основачот на „Спејс икс“ Елон Маск, изјави дека двајцата туристи на вселенското летало „Драгон 2“, ќе имаат долга обиколка на Месечината пред да се вратат на Земјата, а се предвидува да минат меѓу 500.000 и 650.000 километри.

Маск не го открива идентитетот на патниците, ниту пак колку би платиле за ова патување.

Вселенското летало ќе биде автоматизирано, така што екипажот нема да биде обучуван да го управува, но, Маск додаде дека патниците сепак ќе бидат „опширно“ запознаени со процедурата.

Ако биде успешна, ова ќе биде прва мисија со човечки екипаж со дестинација кон Месечината по слетувањето на Аполо 17 во 1972-та година.

„Спејс икс“ е една од двете приватни компании коишто имаат склучено договор со НАСА да доставуваат намирници, опрема и потенцијално астронаути до Меѓународната вселенска станица. Маск најави дека со човечки мисии кон станицата ќе започне до средината на 2018-та година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail