Првиот дрон кој ќе превезува луѓе ќе биде побезбеден од автомобил

dron.jpg

Се чини дека во денешно време дроновите можат да превезуваат и луѓе, а кинеската компанија Ehang со својот концепт отиде чекор понапред од сите. На најглоемиот саем за потрошувачка електроника CES во Лас Вегас, претстави дрон со кој вози луѓе.

Прототипот наречен 184 е прво беспилотно летало за превоз на луѓе. Сличен е на хеликоптер без пропелер, а во него може да влезе еден патник.

Патникот влегува во дронот, ја впишува дестинацијата за слетување и кога ќе добие знак, притуснува копче за полетување и кога ќе добие знак притиснува коче за слетување. Тоа е сè што треба да направи кога се вози со овој дрон.

Прототипот 184 има осум пропелери и уште не е подготвен за пазарот бидејќи во ниедна држава уште не постојат закони за превоз на луѓе со дронови, па практично е невозможно да се добијат сите потребни дозволи. Но, претставниците на Ehang велат дека соработуваат со кинеските власти во решавањето на овој проблем.

Комерцијалната верзија на дронот 184 ќе полетува и слетува вертикално, а во воздух ќе може да лета со брзина до 100 км/ч. Максималната висина на летот е 3.500 метри, а батеријата може да издржи 23 минути лет.

Леталото е тешко 200 килограми, има неколку резервни батерии, програм кој самиот го спушта дронот доколку се појави некој проблем и команден центар за летала на кои им треба помош. од компанијата велат дека овие дронови ќе бидат побезбедни од возење со автомобил, бидејќи максимално го елиминираат човечкиот фактор кој е главен причинител на несреќи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail