Првиот паметен часовник кој им овозможува на слепите лица да читаат од него

6-Prviot-pameten-chasovnik-koj-im-ovozmozhuva-na-slepite-lica-da-chitaat-od-ekranot-kafepauza.mk_.jpg

Денес во светот постојат милиони луѓе со оштетен вид, но со овој нов пронајдок нивните животи може да бидат подобрени. Имено, Дот, компанија во Јужна Кореја, го направила првиот Брајов паметен часовник, а неговите карактеристики се токму такви какви што би очекувале од еден уред во 21-ви век.

Уредот прикажува информации користејќи 4 активни динамични Брајови келии и неговите корисници може да ја избираат брзината со која се ажурираат карактерите.

Овој уред се поврзува со паметен телефон преку блутут (како и секој друг паметен часовник) и може да прима каква било порака од која било апликација.

Исто така корисниците може да испраќаат едноставни пораки користејќи ги копчињата кои се наоѓаат на страната.

Уредот меѓу другото овозможува и секој да развива и да адаптира апликации за него.

Иако досега биле создавани повеќе уреди за слепи лица, сепак, повеќето од нив се базирале на користење звуци.

Ова претставува проблем затоа што слепите лица би требало да ставаат слушалки, а на тој начин би се изолирале од останатите звуци од околината, кои пак се од витално значење за нив.

Овие паметни часовници биле во процес на развој 3 години, а компанијата конечно ќе почне со нивна испорака. Така, во 2017 година се планира да се испорачаат 100.000 часовници, почнувајќи од март, а 40.000 наредната година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail