robot-1.jpg

Израелска компанија синоќа ја лансираше својата прва мисија на Месечината. Ракетата „Фалкон“ полета од Кејп Канаверал на Флорида носејќи го приватно финансираниот робот наречен „Beresheet“.

Ако слетувањето биде успешно, ова ќе биде првиот приватен лендер што стигнал до површината на Месечината. Досега тоа го имаат направено само ровери на владите на САД, Кина и на Русија.

Ракетата „Falcon“ на „SpaceX“ го испрати „Beresheet“ во Земјината атмосфера и оттаму тој самостојно ќе го продолжи двомесечното патување.

Проектот чини околу 100 милиони долари, а по слетувањето ќе ја фотографира околината и ќе ги испитува магнетните карактеристики на Месечината. Исто така, роботот ќе може да се движи, па задачите ќе ги обавува на повеќе локации.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail