TEDxCover.jpg

Зголемената популација во големите градови е еден од предизвиците на процесите на планирање и управување на градовите.  Несомнено, еден од најзначајните предизвиците во таканаречените “мега градови” е транспортот, предизвик кој придонесува до значителни штети кои водат кон здравствени проблеми и недостаток на економски развој.

Дополнително, во последните години, во Македонија се забележува раст во потрошувачката енергија од транспорт, од 24% во 2012 на 32,5% во 2015 година, од кој најдоминантен е патниот сообраќај со 97% вклученост. Ова резултира со високи емисии на стакленички гасови, од кои дури 99% се настанати од транспортниот сектор.

Денешниот развој на информациски и комуникациски технологии дава можности за развивање на одржливи и ефикасни решенија. Сепак, и во ваква ситуација решенијата навидум отсуствуваат. Преминот на општеството кон употреба на поефикасни иновативни технологии и обновливи извори на енергија ги вклучува сите.

Токму затоа на 20.09.2018, со почеток од 19:00ч во просториите на “CO&WORK” се организира првиот TEDxSkopjeSalon за оваа сезона под тема “Иднината на транспортот”, настан посветен на иновациите во транспортот, со дискусија за патот кон одржливоста и ефикасноста преку имплементација на нови технологии и методи.

Дел од прашањата на кои како што велат организаторите ќе се дискутира инволвираат: што можат градовите, луѓето, властите и организациите да направат за нова фундаментална промена во гледање на транспорот и мобилноста, како и за кои се последиците на оваа промена и кон кои цели се стремиме за нејзино постигнување.

За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да пополнат апликационен формулар на следниов линк: goo.gl/bgW7h3; најдоцна до 17.09.2018, 18:00 часот.

Повеќе за настанот може да дознаете на следниов линк.

Ова е всушност првиот од новата серија TEDxSkopjeSalon настани кои после досегашните успешни 22 настани се ребрендира во TEDxSkopje. Иницијатива која веќе некое време се обидува да ја раздвижи скопската мисла!

За крај, порачуваат – бидете одговорни, забавни и иновативни во вашиот транспорт, макар и секојдневен!

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail