Првиот Toyota автобус на водород почна да вози во Токио

toyota-hydrogen-bus-e1488194020991.jpg

Toyota го достави првиот автобус на водород до Бирото за транспорт во Токио, кој ќе почне да вози редовно од март годинава. Во текот на март уште еден таков автобус ќе почне да вози по улиците во Токио. Зелените автобуси ќе можат да превезат до 76 патници. Благодарение на системот Toyota Fuel Cell System ќе се создаваат 228 kW енергија.

Овој е првиот од флотата од 100 такви автобуси кои се планира да бидат пуштени во употреба до Олимписките игри во Токио во 2020 година. Овој иновативен систем на Toyota за прв пат беше инсталиран во автомобилот „мираи“. Тој се состои од 10 резервоари со 600 литри водород под висок притисок кој потоа ги напојува хибридните батерии.

Освен тоа што ќе превезуваат патници во Токио, автобусите на Toyota можат да обезбедат и 235 kWh струја за напојување на потребната опрема во случај на катастрофи. Новите мотори на автобусите се поефикасни од мотори со внатрешно согорување, не испуштаат јаглерод диоксид во текот на возењето и ги исполнуваат сите стандарди за лесно качување и симнување на постари луѓе и деца.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail