На 29 јануари 1886 година, машинскиот инженер Карл Бенц го направил првото возило на бензин во неговата занаетчиска работилница во Манхајм. Овој ден се слави како роденден на првиот автомобил во светот.
Неговите современици и сонародници, Готлиб Дајмлер и Вилхелм Мејбах, работеле на слични пронајдоци во исто време и во тајност, но Бенц бил првиот што патентирал возило што му донело голема меѓународна слава.
Сепак, иако поимот автомобил е поврзан со неговото име, тој не бил првата личност што седнала зад воланот.
Откако го склопил првиот автомобил во светот, Карл Бенц заминал во кафуле да го прослави овој успех со своите соработници и пријатели. Таа вечер, еден од неговите синови се разболел, па неговата сопруга Берта Бенц тргнала во потрага по нејзиниот сопруг.
Бидејќи не можела да шета низ сите кафулиња во Манхајм и неговата околина, таа решила да седне во новоизградено возило. Невообичаена бучава и уште поневообичаен изглед на автомобилот (кој имал три тркала) истерале многу заспани глави кон прозорците и улиците.
Наскоро низ градот се проширила веста дека сопругата на Бенц управува автомобил, па луѓето излегле на улиците да го видат и да му се восхитуваат.
Веста стигнала до едно кафуле каде што Бенц славел со пријателите пред неговата сопруга. Зачуден потрчал да ја пречека, но наместо да ја критикува Берта, добил аплауз и воодушевување од насобраната популација.
Извор: kurir.mk