Првите експерименти што ќе го стопираат стареењето за десет години

1-16-660x300.jpg

Научникот од Калифорнија Алехандро Окампо смета дека процесот на стареење може да се стопира и дека експериментите со хемикалии против стареењето ќе можат по фази да се применуваат на луѓето во наредните 10 години.

Окампо кој е еден од авторите на студиите на научниците од Институтот Салк за биолошки студии во Калифорнија, изјави дека целта на истражувањата е на луѓето да им се помогне да го „одбегнат страдањето” кога ќе сфатат дека стануваат постари.

Со истражувањето заклучиле дека постојат „ембрионски гени”, клетки со ембрионски одлики создадени од репрограмирани зрели клетки кои можат да ги елиминираат знаците на старост.
Во лабораториски услови новиот вид на генетска терапија бил тестиран до сега на клетки на глувците, како и на клетки од човечката кожа, при што и едни и други покажале знаци на подмладување.
После шестонеделен третман, животните изгледале помлади, грбот им бил поисправен, кардиоваскуларниот систем им работел подобро и побрзо се опоравувале од повреди, а живееле и 30 проценти подолго.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail