Првите комерцијални летачки автомобили пуштени во продажба

pal-v-flying-car1-e1487146251224.jpg

Холандскиот производител на возила PAL-V ги направи првите комерцијални летачки возила. Компанијата ги креираше Liberty Sport и Liberty Pioneer, две возила за двајца патници со по три тркала кои можат да се движат со максимална брзина од околу 80 километри на час.

Sport е поевтиното возило и основниот модел се продава за почетна цена од 400.000 долари, додека Pioneer има почетна цена од 600.000 долари. Со тие дополнителни 200.000 долари купувачите добиваат обуки за возење, греење и електорнски дисплеј во возилото. Потенцијалните купувачи кои не можат да си го дозволат тоа можат да уплатат депозит од 25.000 долари за Pioneer или 10.000 долари за верзијата Sport.

И двете верзии имаат два мотори. Едниот се користи за возење, а другиот за летање. По копно Liberty може да се движи со максимална брзина од околу 60 километри на час. Од PAL-V велат дека се потребни само 10 минути за да се премине од возење на летање.

„По повеќе години напорна работа и срушување на техничките и квалификативните предизвици нашиот тим успеа да креира иновативен летачки автомобил кој ги исполнува стандардите за безбедност во целиот свет“ вели извршниот директор на PAL-V, Роберт Дингеманс.

За жал, нема да почнат да испорачуваат возила уште веднаш. Првите испораки на Liberty се планирани за крајот на 2018 година.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail