MAK-Prvi-prijavni-rok.jpg

Да решите што ќе студирате не е едноставно бидејќи од тоа зависи вашата иднина. Словенечките универзитети и независните високообразовни установи, освен некои исклучоци, почнуваат со приемот на првите пријави за запишување веќе на 12-ти февруари. Заедно со експертите од 2ТМ изберете студиска програма во согласност со вашите желби и успехот од дотогашното стекнато образование, а 2ТМ за вас навремено и успешно ќе ја поднесе пријавата и целата потребна документација.

Зошто пријавувањето во првиот пријавен рок е толку важно?

Иако постојат повеќе од еден рок за пријавување (обично два, три, четири, зависно од образовната установа), важно е да ве пријавиме на избраната образовна установа и на избраната студиска програма веќе во првиот пријавен рок поради тоа што тогаш сите места на високите и вишите образовни установи се се уште слободни.

Што е потребно да се приложи со пријавата?

Информацијата дека мора да се приложат сите документи заедно со пријавата не е точна. За роковите за поднесување на дополнителни документи во пријавата ќе бидете известени навремено од страна на експертите од 2TM.

Кога да се пријавите на словенечките универзитети и на независните високообразовни установи?

Првите рокови за пријавување во словенечките образовни установи започнуваат веќе на 12-ти февруари. Постојат и исклучоци. Повеќе информации за роковите за пријавување можете да најдете тука.

Експертска поддршка

Кога ќе одлучите за својата иднина, би било убаво до себе да имате некого на кого ќе можете да му се обратите кога ви требаат точни информации, стручно мислење или совет. Нашите експерти ќе ве запознаат со специфичностите на одредени студиски програми, ќе ви овозможат информации за роковите и процедурите за пријавување на словенечките образовни установи, ќе ве советуваат и ќе одговараат на сите прашање поврзани со студиите и студентскиот живот во Словенија. Заедно ќе ја избереме вистинската студиска програма во согласност со вашите желби и постигнатиот успех од дотогашното образование, и навремено ќе се погрижиме за успешна пријава и поднесувањето на сите потребни документи, а вие ќе заштедите време и пари.

Доколку барате квалитетни, перспективни и бесплатни студии со меѓународно призната диплома, запишете се на студии во Словенија. Сите информации можете да ги најдете на следната веб страна: www.2tm.si, на електронската адреса: [email protected]  или на

Facebook.

 

Aвтор: Шпела Зупан Штампохар

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail