Prvo-megjunarodno-nauchno-struchno-sovetuvanje-Agronauka-i-praksa-.jpg

Прво меѓународно научно-стручно советување „Агронаука и пракса“

Денеска започна Првото меѓународно научно-стручно советување организирано од страна на Земјоделски факултет при УГД.

На советувањето за првпат на едно место се собрани студентите, научниците од областа на земјоделието, бизнис заедницата и претставници на државните органи и заедно дебатираат и бараат решенија за тековните предизвици во земјоделието. На советувањето беше присутен и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, како и градоначалникот на Штип, Благој Бочварски. Деканот на Земјоделски факултет, проф. д-р Љупчо Михајловски, истакна дека овој собир е во вистинско време и со вистинските луѓе на едно место.  

– Советувањето ќе трае денес и утре и е организирано во две сесии. Целта на советувањето е да се направи мост меѓу агронауката и праксата. И ретки се можностите кога на едно место можат да се сретнат претставници од науката, од праксата и од државните институции. Затоа имаме атрактивни теми, како што е процентот на искористеност на ИПАРД средствата. Знаете дека Македонија како претпристапен кандидат во ЕУ од 2007 година има право да ги користи тие средства, но за жал поради субјективни и објективни прични искористеноста на тие средства е мала. Затоа денешната панел-дискусија ќе биде во правец на утврдување на слабите точки со цел нивно отстранување за да може државата да ги апсорбира со поголем процент овие средства. Досега се искрористени само 30% на тие средства. Потоа имаме панел-дискусии за употребата не технологијата во земјоделството. Прецизното земјоделство, како што е користењето на дронови, ГПС мониторинг на земјоделските површини и така натаму – изјави деканот на Земјоделски факултет, проф. д-р Љупчо Михајловски

За утрешниот ден се организирани панел-дискусии на тема која е актуелна на меѓународно ниво – Осиромашувањето на почвите со хумус, кое се случува од повеќе причини и ќе се разгледуваат тие причини, а ќе се предложат и нови мерки преку кои ќе се прекине осиромашувањето на почвите, но и ќе се понудат решенија како да се збогатат почвите со органска материја.

Оваа конференција се одржува денеска и утре во просториите на Земјоделски факултет, а присутни се и научници од регионот и претставници на бизнис заедницата кои се занимаваат со земјоделско производство.

 

Извор: UGD Life

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail